Колумбија оформи директорат за заштита на правата на сексуалните работнички

Фото: EPA-EFE/ERNESTO GUZMAN JR

Во Колумбија е формирано одделение за заштита на правата на сексуалните работнички наречено Директорат за жени со платена сексуална работа, со кој ќе раководи трансродовата феминистка и активистка за човекови права Шарлот Каљехас.

Главната функција на Директоратот е да креира, усвојува и имплементира упатства за гарантирање на правата на сексуалните работнички, се наведува во соопштението на колумбиското Министерство за еднаквост, под кое и Директоратот за жени со платена сексуална работа.

„Ја потврдувам мојата намера да изградам мостови од институцијата до другите административни сектори за жените жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација“, истакна Каљехас.

Кубанско-колумбиската активистка вети дека ќе понуди можности за „сексуалните работници кои сакаат да ја напуштат околината“ и за жените „кои сакаат да останат со гаранција за своите права“.

Каљехас има над 25 години искуство во застапување на правата на сексуалните малцинства и во јавниот и во приватниот сектор. Таа работеше во Министерството за внатрешни работи и во Одделот за социјален просперитет.

Во Колумбија проституцијата е легализирана од 1970 година. Активноста е регулирана и ограничена на бордели во специјално одредени „зони на толеранција“, како што е населбата Санта Фе во Богота, каде што таквите активности се дозволени. Во исто време, сексуалната експлоатација и трговијата со луѓе се забранети, како и експлоатацијата на малолетници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот