Колумбиецот Борха и Трајкоски нови фудбалери на Борец Велес!

Фото: facebook.com/fkborec1919

Фудбалскиот прволигашки клуб Борец ги прави првите потези на трансфер пазарот пред вториот дел од сезоната..

Денеска и официјално нови играчи на велешката екипа се Колумбиецот Александер Борха и Лука Трајкоски.

Борха претходно ги бранеше боите на Работнички, битолски Пелистер, Македонија ЃП и Локомотива. Младинскиот репрезентативец Трајкоски досега настапуваше за Македонија ЃП, Тиквеш и прилепска Победа.

Моментно како што информираат од ФК Борец се преговара и со неколку фудбалери како од странство, така и од домашниот шампионатот со цел да се подигне нивото на клубот.

После завршувањето на есенскиот дел во Првата македонска лига Борец е на шестата позиција со 25 бодови, колку што има и петтопласираниот Вардар, а три помалку од четвртопласираната екипа на Струга Трим Лум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот