фото/IMAGO / imago stock&people / Profimedia

Колку „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо е близок со оригиналниот роман?

„Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо дефинитивно не е „буквална“ адаптација, туку интерпретација што инсистира на она што тој го смета за срце на романот: човештвото среде монструозноста и етиката на слушање на другите, пишува „Variety“.

„Variety“ анализираше колку е блиска адаптацијата на „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо со оригиналниот роман и заклучи дека режисерот свесно ја жртвува целосната „буквалност“ за да ја долови „суштината“ на литературното дело.

Дел Торо постојано изјавува дека романот на Мери Шели е „како Библија“ за него, но признава дека направил промени во ликовите и структурата: ја преработил Елизабет (Миа Гот), го променил потеклото на Виктор и ги отстранил ликовите како Хенри Клервал и Жастин Мориц.

Иако приказната на Шели е меѓу најадаптираните, Дел Торо во неговата екранизација одлучи да ја нагласи човечноста и внатрешното патување на ликовите.

Структурно, филмот ги задржува главните точки на романот, но пристапот кон раскажувањето е прилагоден: фокусот е на емоционалните текови на Виктор (Оскар Исак) и Суштеството (Џејкоб Елорди), давајќи им еднаква тежина. Гилермо дел Торо е свесен дека неговата верзија не е „најверна“ во однос на деталите, но се обидува да ги пренесе основните идеи за одговорност, вина и можност за прошка.

Филмот на Вејл од 1931 година ја дефинира популарната слика за Суштеството како немо, отворено агресивно чудовиште со рамен череп и завртки во вратот, што отстапува од елоквентниот, трагичен наратор кај Шели. Спротивно на тоа, „Суштеството“ на Дел Торо е повеќе во согласност со литературната слоевитост – чувствително, свесно и способно за рефлексија.

Во фокусот е односот помеѓу „Создателот“ и „Суштеството“

Како што истакнува Џули Карлсон, професорка по англиски јазик на Универзитетот во Калифорнија и експерт за британскиот романтичен период и семејството Волстонкрафт-Годвин-Шели, во разговорот за „Variety“, промените во семејната позадина на Елизабет и Виктор му овозможуваат на филмот посилно да ги артикулира темите за наследената траума и моралната одговорност на творецот, со што се премостува јазот помеѓу готската традиција и современиот сензибилитет на публиката.

Изоставувањето на Клервал и Жастин ја редефинира динамиката на вината и последицата, бидејќи филмот се фокусира на односот помеѓу Создателот и Суштеството како примарно драмско поле.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот