Колку е вредна македонската патна исправа? – Македонците без виза може да патуваат во 124 земји

Поради пандемијата границите на ЕУ остануваат затворени за земјава.

Индексот на најпосакувани пасоши на Henley & Partners со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи македонскиот пасош го рангираше на 47. место, а неговите носители може да патуваат без виза во 124 земји.

Индексот ги следи промените во секое тромесечје и во пракса, како што истакнуваат од Henley & Partners, бројот на достапни дестинации каде не треба виза значајно се разликува и зависи од тоа колку земјите се справуваат успешно со пандемијата.

Индексот не ги зема в предвид ограничувачките мерки воведени од владите поради пандемијата, но ја актуелизира новонастанатата ситуација во пост-Ковид-19 свет, кога слободата на движење на граѓани на некои земји, како САД, Бразил и Русија, каде пандемијата не стишува, ќе биде сосема намалена.

На првите позиции според оваа ранг листа се Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, а Американците кои ја заземаа седмата позиција сега поради пандемијата имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот