Колинда: Вакцината против ковид-19 е дел од решението, а не проблем

Некогашната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ учествуваше на онлајн конференција за инвестиции во спортот организирана од Хрватската трговска комора, по што кратко разговараше со новинарите.

Грабар-Китаровиќ изјави дека и таа и нејзиното семејство сигурно ќе се вакцинираат против ковид–19.

– Против грип се вакцинирам од 1993 година, кога последен пат имав грип и тешко го поминав иако имав 25 години. Вакцината е дел од решението, а не проблем. Да не заборавиме дека денес немаме детска парализа благодарение на вакцината – изјави Колинда. 

Грабар-Китаровиќ повика на солидарност со оние кои се најзагрозени од коронавирусот и на кои, како што рече, вирусот може да им наштети.

– Треба да се придржуваме кон мерките и да постапуваме одговорно и на тој начин да се заштитиме себеси и другите – нагласи Колинда. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот