Колинда стана актерка – Поранешната претседателка доби улога во хрватската хит серија

Instagram

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ се проба и во улогата на актерка, откако беше повикана да гостува во популарната хумористична серија „Дар мар“ која се прикажува во Хрватска.

Поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден. Како што дознава „Jutarnji list“, таа ќе заигра во серијата „Дар мар“, која се прикажува на хрватската „Nova TV“.

Колинда добила „камео“ улога, а снимањето успешно го одработила. Наводно, на сетот одлично се снашла и добро се забавувала, а епизодата во која глуми таа ќе биде прикажана во јануари.

Инаку, серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, започна да се емитува на 5 октомври, а во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

EPA-EFE
EPA-EFE/CLEMENS BILAN

„Одлично се забавував на сетот, затоа и се согласив на улогата“, изјави за „Jutarnji list“ поранешната претседателка на Хрватска, Грабар Китаровиќ.

Да се потсетиме, Колинда ја поддржа претставата „Predsjednci&ca“ на Тарик Филиповиќ и Борис Свртан, во режија на Филиповиќ, која на средината на октомври беше свечено одиграна. Во неа, таа беше еден од главните ликови, а ја играше актерката Орнела Виштица.

Instagram
Instagram

Актерката поради подготовка за оваа улога се дружела со поранешната претседателка, со цел на сцената да биде колку што е можно пооригиналнаГи проучувала нејзините движења, говор, бојата на гласот, специфичната должина на речениците и нагласокот гледајќи ги видео-записите, фотографиите и старите Дневници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот