Која е осомничената за нападот во Истанбул?

Фото Твитер Некста

Турските медиуми објавија дека осомничената за нападот во Истанбул е државјанка на Сирија и дека таа признала дека е поврзана со Курдистанската работничка партија, која во земјата е препознаена како терористичка организација.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг соопшти дека за експлозијата во центарот на Истанбул е осомничена жена, која, според него, 45 минути седела на клупа, а потоа станала.

– Експлозијата се случи само неколку минути откако таа замина. Нејзиниот идентитет се уште не е познат ниту е јасно која група би можела да стои зад нападот – рече министерот вчера.

Тој потоа додаде дека постојат две можности како дошло до експлозијата.

– Или во чантата имало механизам што се активирал, или некој го активирал механизмот од далеку. Истрагата се уште е во тек. Можно е намерно да го избрале тој регион. Има многу странци, можеби сакаа да испратат порака до светот. Турција е силна земја – рече министерот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашкиот напад во центарот на градот „мириса“ на тероризам. Тој изјави и дека експлозијата е „предавнички напад“ и дека сторителите ќе бидат казнети.

ВИДЕО: Нови снимки од хоророт во Истанбул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот