ВИДЕО: Нови снимки од хоророт во Истанбул

Фото: Твитер/принтскрин

На социјалните мрежи и во турските медиуми се објавуваат нови снимки од страотната експлозија која попладнево потресе преполна туристичка улица во центарот на Истанбул. Загинаа шест луѓе, а повеќе од 80 се повредени.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето прво обраќање по трагичниот настан ја нарече експлозијата „напад“ и рече дека извесна жена била вмешана, но не посочи на конкретна одговорност и не откри повеќе детали.

Доцна попладнево, турското обвинителство соопшти дека настанот официјално го карактеризира како терористички чин. Според неофицијални информации, бомбата била во торба оставена на клупа на шеталиштето. Турските медиуми шпекулираат дека радикални исламистички организации или забранетата Работничка партија на Курдистан се вмешани во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот