Која е Катрин Јансен, научничка на чело на истражувањето на вакцината против ковид 19 на Фајзер?

Катрин Јансен е жената која го предводи тимот од 550 научници, шеф на истражување и развој на вакцини на компанијата Фајзер, чија деноноќна работа доведе до откривање на вакцината.

Неодамна, по завршените тестирања, компанијата Фајзер најави дека нејзината вакцина против ковид 19 е 95 отсто ефикасна – извонреден процент ако земеме предвид дека, во последните десет години, стапките на ефективност на вакцините против грип варираат помеѓу 19 и 60 отсто. А зад одличното дело што го слави Фајзер стои жена, Катрин Јансен.

Катрин Јансен е жената која го предводи тимот од 550 научници, шеф на истражување и развој на вакцини на компанијата Фајзер, чија деноноќна работа доведе до откривање на вакцината. Но, неверојатниот детал е што таа го направи тоа од нејзиниот стан на Менхетен, од каде работи, а на состаноците со компанијата е присутна преку Интернет платформата Зум. Само неколку пати таа се појавила лично во седиштето за вакцини на Фајзер, во Перл Ривер.

Научничката има 62 години, позната е како срамежлива и воздржана жена, како „рок“ научничка и неконформистка, сепак, славна личност во научниот свет. Зад себе има триесет и шест годишна кариера, а денес е пред нов предизвик: Ковид 19. Во изминатите години била одговорна за развојот на две од најпродаваните вакцини во светот, вакцината против пневмококи и вакцината против папилома вирус (ХПВ), кој може да предизвика рак на матката кај жените.

– Таа не би го жртвувала квалитетот за брзината – објаснува Вилијам Грубер, долгогодишен менаџер на лабораторија во едно интервју – Таа е навистина бескомпромисен научник кога станува збор за развој на вакцини .

Иако не беше во прашање само спречувањето на застрашувачкото ширење на пандемија, туку и многу милиони долари, Јансен одржувала стабилно и мирно командување со операцијата, знаејќи дека секако станува збор за рекорд: претходно, цели четири години не била развиена вакцина.

Нејзината страст за медицината започнала уште кога била мала, затоа што во текот на нејзиното детство постојано заболувала од инфекции на грлото, а нејзиниот татко, хемиски инженер, ја лекувал со антибиотици и кодеин, кои биле секогаш при рака во куќата.

Ја напуштала Источна Германија непосредно пред изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961 година. Со стар автомобил ја преминала границата со своето семејство. Студирала на Универзитетот во Марбург, била ученичка на Рудолф Тауер, микробиолог познат по методот на учење да се дојде до резултат по најтешкиот пат.

Завршувајќи го својот докторат, Јансен верувала дека открила нов хемиски пат на бактериите, но кога го направила последниот експеримент, нејзините резултати и труд паднале „во вода“. Тоа ѝ била важна лекција за нејзината иднина во развојот на викцини, каде што стапката на неуспех е 90 отсто!

Се приклучила на Фајзер во 2009 година, кога компанијата била купена од „Wyeth Pharmaceuticals“ каде веќе работела во индустријата за развој на вакцини. Подоцна, во Фајзер станала раководителка на истражување и развој на вакцини, докажувајќи се како жена способна за големи предизвици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот