„Кој му е крив на Миле што е само претседател на партија“: Аца Лукас е бесен, поради Додик нема да пее на Јахорина
Додик бурно реагираше на фотографијата на српскиот пејач Аца Лукас со поранешниот командант на Армијата на РБиХ Насер Ориќ, велејќи дека повеќе не е добредојден во ентитетот на Република Српска.
Откако настапот на Аца Лукас на Јахорина беше откажан и откако долгогодишниот лидер на босанските Срби, Милорад Додик, ја информираше јавноста дека пејачот го изгубил кредибилитетот за понатамошни настапи во Република Српска, српскиот пејач се огласи на својот официјален Инстаграм профил.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Никогаш не побарав поддршка од Милорад Додик. Тој ја побара мојата поддршка, неколкупати, и ја доби. Жал ми е што денес Миле е само претседател на една партија… Не ги делам луѓето по националност, религија и боја на кожа, а најмалку од сè, не барам лична карта за да знам кој како се вика од моите обожаватели кои доаѓаат да се сликаат со мене“, рече Аца Лукас во својот одговор до Додик.
Додик бурно реагираше на фотографијата на српскиот пејач Аца Лукас со поранешниот командант на Армијата на РБиХ Насер Ориќ, велејќи дека повеќе не е добредојден во ентитетот на Република Српска.
„Злосторствата што Насер Ориќ и неговите војници ги извршија против српскиот народ во областа на Сребреница и Братунац беа монструозни, и затоа Лукас, фотографирајќи се со него, длабоко ги повреди потомците на жртвите и српскиот народ. По овој чин, Аца Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап во Република Српска, особено на отворањето на зимската сезона во Јахорина“, напиша Додик.
Откако фотографијата од Лукас и Ориќ стана вирална на социјалните мрежи, Олимпискиот центар Јахорина го откажа неговиот концерт во Јахорина.
„Ја информираме јавноста дека концертот на изведувачот Аце Лукас, планиран за 12 декември 2025 година како дел од настанот Ski Opening, ќе биде откажан, а дека купените билети ќе важат за друг изведувач, без потреба од замена. Причината за откажувањето е фотографијата на која најавениот изведувач е во друштво на Насер Ориќ, што предизвика загриженост и вознемиреност кај јавноста во Република Српска“, се наведува во соопштението.
View this post on Instagram


