Кој ќе биде тренер на годината: Гвардиола, Манчини или Тухел?

фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Светската фудбалска куќа (ФИФА) според најавите во петок ќе ги објави и имињата на тројцата кандидати за играч на годината.

Селекторот на европскиот шампион Италија, Роберто Манчини, тренерот на победникот во Лигата на шампионите Челси, Томас Тухел, и менаџерот на шампионот во Премиер лигата Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се финалисти за наградата „Fifa the Best“ за најдобар тренер на годината во изборот на ФИФА.

Гвардиола минатата сезона ја освои својата трета титула во Премиер лигата со „граѓаните“, Челси беше најдобар во Европа откако со победа од 1:0 го совлада Манчестер сити, додека Манчини ги водеше Италијанците до титула, прва за нив после 52 години чекање.

Прогласувањето на победниците ќе се случи на 17 јануари во Цирих, Швајцарија.

Најдобрите ги бираат селекторот и капитените на репрезентациите, претставници на медиумите и навивачи на сајтот на ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот