Кој ќе биде новиот тренер на Барса по заминувањето на Чави?

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона ќе биде во потрага по нов тренер за следната сезона, откако Чави по саботниот пораз од Виљареал потврди дека ќе ја напушти клупата на крајот од сезоната.

Чави ќе замине по две и малку сезони како тренер на клубот каде што блесна како играч и освои сè во својата кариера.

Поранешниот фудбалер од средниот ред ги освои шпанскиот Суперкуп и „Ла Лига“ како тренер, иако најверојатно оваа сезона ќе ја заврши со празни раце.

Големото прашање сега е каде оди Барса од тука? И, уште поважно, кој ќе раководи со клубот следната сезона.

Медиумите веќе шпекулираат кој би можел да биде новиот тренер на Барселона следното лето. Веќе се споменуваат Рафа Маркез и Тиаго Мота, а на оваа листа се наоѓаат и имињата на Јирген Клоп и Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот