Кои се петте „црвени знаменца“ што треба да ги знаете пред да се заљубите во профил на интернет?

Љубов/Врски/EPA/EFE
EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN EDITORIAL USE ONLY IN CONNECTION WITH THE EXHIBITION AND/OR THE KUNSTHALLE MUSEUM EDITORIAL USE ONLY

Ние луѓето сме романтичари, сакаме да ја ставаме на пиедестал вечната и совршена љубов, но откако ќе се појават серии и документарни филмови како „Тhe Tinder Swindler“,изненадувачки е како и понатаму се „колнеме во вечна љубов“.

Во 21 век, приближно една од пет врски почнуваат на интернет, а неверојатни девет милиони луѓе на планетава секој ден се обидуваат да си ја пронајдат љубовта преку социјалните мрежи, пренесуваат од The Sun.

Ова не ја мати „водата“ и покрај тоа што се појавија хорор приказни од висок профил, како што беше „Тhe Tinder Swindler“, документарецот на Нетфликс, во кој осудениот измамник Симон Левиев измами неколку жени -жртви, собирајќи им пари, оставајќи ги на крај со скршено срце и празни џебови.

ФОТО | Жена раскажува за своето хорор љубовно искуство: Ме измами преку Тиндер, сега сум „должна до гуша“!

Стив Вилсон, директор на глобалната компанија за сајбер безбедност од Ирска, „Нортон“, откри кои се петте најчести „црвени знаменца“ или алармирачки сигнали кои треба да ги имате предвид пред да се отворите некому на онлајн платформите за состаноци.

Црвено знаменце број 1: Заклетва за тајност

Првото нешто што секој измамник ќе се обиде да го направи, тоа е да ја задржите љубовната романса исклучиво меѓу вас двајца и ќе инсистира на тајност. Ова звучи како преочигледен сигнал, но многу често измамниците/измамничките користат најразлични суптилни техники на кои и најголемите циници ќе паднат. Вилсон за ваквите ситуации вели:

„Вашите пријатели и семејството се први што ќе ве предупредат доколку мислат дека разговарате или се гледате со измамник. Токму поради ова, тие бараат да ги чувате вашите разговори во тајност, да се гледате во тајност и никој од вашата блиска околина да не знае за нив“

Црвено знаменце број 2: Приказна за плачење

Измамниците исто така ќе се обидат да ве придобијат, создавајќи што поемотивна, трогателна приказна за себеси, да ве доведат до невидена емпатија за нив.

„Измамниците често пати знаат да направат приказна дека изгубиле некој близок од рак, или во поново време, од ковид. Ќе ве прашуваат дали и вие сте изгубиле некого и ќе „плетат“ приказна за плачење, само за да стекнат емпатија и доверба“

Црвено знаменце број 3: Работа во странство

Се разбира, не секој што работи во странство е измамник, но ако има и други предупредувачки знаци, тогаш треба да внимавате. Стив вели дека најчеста измама која ја кажуваат овие луѓе е дека се „постојано некаде надвор, на бизнис патувања“.

„Најчести лаги се дека работат некаква работа поврзана со нафтена платформа, брод, војска, некаква служба во странство поврзана со бизнис или несигурни извори вредни милиони долари“

Црвено знаменце број 4:  Финансиски интерес

Покажувањето интерес за вас е добра работа, но интересот за вашето богатство, финансиска состојба и материјалните добра е уште еден знак за предупредување. Доколку ве прашуваат за вашата кариера или работа, тоа е во ред, но ако ве прашуваат колку пари заработувате, дали поседувате куќа на ваше име или автомобил, тоа може да значи и нешто повеќе од вообичаениот интерес.

„Измамниците брзо идентификуваат дали сте добра „зделка“ за мнив. Доколку сте им привлечна цел, ќе ве манипулираат за да дознаат и добијат повеќе. На пример, на еден тест обид, добивме куп телефонски повици од измамник откако му кажавме (од лажен профил) дека имаме имот со пет спални соби во Лондон и одличен автомобил“.

Црвено знаменце бр 5: Барање заем

Како што беше и случајот со жртвите во The Tinder Swindler, драматичната приказна со многу закани по живот, милионерски бизниси и заеми од големи суми на пари, ова е огромно црвено знаме и аларм да ја прекинете комуникацијата веднаш.

Вилсон вели „Често ќе преувеличуваат очајни приказни зошто им се потребни пари, дека не смеат да користат лични картички, дека им се украдени и ќе ги бараат вашите лични картички или пристап до банкарската сметка“

Исто така, слично, а не помалку страшно е и алармантно, црвеното знаме на „Мал заем“, односно кога ваквите „партнери“ ви бараат мала сума пари со надеж дека во иднина ќе им позајмувате многу повеќе кога длабоко ќе се заљубите во нив.

Ако некое од овие „знаменца“ се вее во комуникацијата со вашиот потенцијален партнер/партнерка, преиспитајте си ја релацијата и дали сакате да сте нечиј „финансиски“ плен.

Измамникот од Тиндер и Ана Делви го излажаа светот: Како им успеа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот