Кои се најголемите Инстаграм профитери во Премиер лигата

twitter/TNC Football

Фудбалските екипи, а меѓу нив предничат англиските се почесто ги користат социјалните мрежи за зголемување на заработката.

Последната студија која ја направи „Online Sasinos“ покажува дека сите премиерлигашки екипи имаат корист од ставањето постови на Инстаграм, а клуб кој има најголема заработка од овој начин на маркетинг е Манчестер јунајтед.

Соред студијата која беше правена од стартот на Премиер лигата па се до прекинот поради пандемијата на коронавирусот, Манчестер јунајтед инкасирал 543.185 фунти.

На второто место се наоѓа Челси кој заработил 540.277 фунти, а трет е Арсенал кој од почетокот на сезоната па досега со своите постови на Инстаграм инкасирал 373.706 фунти.

Најдобрата петорка ја затвораат Манчестер сити со 369.846 фунти и Ливерпул со 313.401 фунта.

Што се однесува до фудбалери, највеќе заработи играчот на Арсенал, Дани Себаљос, 101.193 фунти.

На вторто место е Андрес Переира од Манчестер јунајтед со заработени 94.214 фунти, а трет е играчот на Манчестер сити, Илкај Гундоган со 80.257 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот