Кои се клучевите на Интернетот и зошто се во рацете на само 14 луѓе?

Unsplash
Unsplash

Интернетот е заштитен со седум клучеви и тие се во рацете на 14 луѓе кои редовно се собираат за да го извршат ритуалот.

Domain System Name (DNS) на највисоко ниво го обезбедуваат релативно мал број луѓе, наречени крипто – офицери, кои се распоредени низ целиот свет.

Од 2010 година, крипто – офицерите се собираа за да извршат ритуал со висока безбедност познат како церемонија на клучеви, во кој клучевите (метафорички кажано) на Интернет – „главната брава“ се автентицираат и надградуваат.

Овие луѓе се дел од Интернет – корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), која е одговорна за доделување нумерички Интернет адреси на веб-страници и компјутери. Секогаш „чуварите на клучевите“ се наоѓаат на различно место во светот во исто време.

14 чувари на клучевите

Ако некој ја презеде контролата врз базата на податоци на (ICANN), тој повеќе или помалку ќе има контрола над поголемиот дел од Интернет и ќе може да направи огромна штета на сите нас кои го користиме секојдневно. Тој би можел, на пример, да ги пренасочи луѓето кон фалсификувани веб – страници и на тој начин да ги ограби или да предизвика општ хаос со промена на имиња на домените или други штети.

За да го заштитат DNS, ICANN смислиле метод кој не става премногу контрола во рацете на само една личност. Тие избрале седум лица на кои им беа доверени клучевите и уште седум кои служат како резерва. Вкупно 14 одговорни лица.

За да може да се изврши ритуалот, најмалку три од нив мора да бидат присутни затоа што е потребно да има најмалку три клучеви за отклучување на опремата што го штити DNS. Ова се вистински клучеви што отклучуваат сефови со паметни картички.

Потребни се повеќе индивидуални клучеви за пристап до главниот клуч. Главниот клуч не е вистински, физички објект, туку компјутерски код, еден вид лозинка што може да се користи за пристап до главната база на податоци на ICANN. Се користи за создавање други клучеви, наменети за различни нивоа на заштита на различни делови на Интернет и организации.

Строги безбедносни мерки

Средбата се одвива во услови на исклучително високо ниво на безбедност.

Учесниците мора да поминат низ серија заклучени врати користејќи клучеви со компјутерски кодови и рачни скенери, сè додека не се најдат во просторија каде што електронската комуникација е целосно оневозможена. Во прилог на крипто – офицерите, обично има службеници на ICANN како и други гости и набудувачи.

Ритуалот се изведува точно во однапред одреден редослед со кој се познати сите учесници, така што сите отстапувања можат да бидат забележани од неколку луѓе истовремено. Внимателно се снима и проверува, а целата постапка може да се следи преку онлајн пренос во живо.

На крајот на ритуалот, секоја личност што учествувала во него ја напушта просторијата одделно. Како по правило, а потоа животот продолжува најнормално со тоа што „господарите на клучевите“ се среќаваат во ресторан на релаксирано дружење и ја слават успешно завршената работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот