Кои производи никогаш не треба да ги замрзнувате

Unsplash
Unsplash

Ниската температура може да ја уништи текстурата, вкусот и изгледот на некои продукти. Затоа некои од нив никогаш не треба да ги ставате во замрзнувач. На пример, живите јајца ако ги замрзнете, ќе им распука кората и тоа ќе овозможи развој на бактерии. Ако сакате да ги замрзнете, прво искршете ги и ставете ги во соодветен сад.

Зеленчукот богат со вода, како целер, зелена салата, краставици, рдокви и др., лесно се замрзнува, но одмрзнувањето ќе ги уништи нивните клетки и тоа ќе им даде нова структура, односно по одмрзнување ќе станат меки и кашести. Доматите, од друга страна, можете да ги замрзнете, ако планирате подоцна да ги готвите, но одмрзнатите домати никогаш не ги јадете сурови.

Неотворена ќесичка со кафе во зрно можете да држите во фрижидер еден месец, но по отворање на ќесичката, не ја враќајте назад во замрзнувач. Одмрзнувањето и повторното замрзнување предизвикува кондензација поради што зрната кафе ќе ги впијат сите непријатни мириси од замрзнувачот.

Меките млечни производи како кисела павлака, урда, слатка павлака по одмрзнување ќе станат воденести. Исто така, не замрзнувајте големи парчиња кашкавал, кој по одмрзнување ќе се рони и нема да можете да го исечете.

И компирот не се препорачува да се замрзнува, бидејќи по одмрзнување ја губи бојата, а при варење таков компир, тој ќе биде преполн со вода. Салати со мајонез, преливи за салати, како и јадења што содржат мајонез, по вадењето од замрзнувач ќе станат воденести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот