Кои професии се на листата на најбарани во светот?

Вработувањето е намалено во голем број индустрии, додека масовните отпуштања во некои сектори значат дека зголемен број работници се натпреваруваат за ограничен број слободни работни места. Сепак, некои професии сè уште се многу барани. Според извештајот објавен од платформата „Monster“, во текот на третиот квартал, десетте најбарани занимања се издвоија меѓу огласите на работодавачите. Во моментов, секторите за здравство, логистика, продажба и поддршка на клиенти отвораат најмногу можности- пишува Каматица.

Десетте најбарани занимања во моментов се: медицинска сестра со лиценца, физиотерапевт, возач на камион, продажен претставник, радиолошки техничар / технолог, логопед, доставувач, респираторен терапевт и претставник за поддршка на клиенти

Вики Салеми, експерт за кариера на платформата „Monster“, изјави за CNBC Make It дека:

– Здравството е очигледно на чело на листата, дури шест од десет занимања припаѓаат на оваа област, особено клиничките позиции.

Извештајот е базиран на десетици илјади огласи објавени во текот на третиот квартал и покажува дека таканаречените „основни професии“, како што се возачи на камиони и возачи за достава, продолжуваат да се карактеризираат со стабилност и отпорност на кризи. Додека некои занимања на листата бараат професионални квалификации или професионални сертификати, други се подостапни за кандидатите кои сè уште немаат богато искуство во областа.

Салеми објаснува:

– Ако работите во индустрија каде што комуницирате со клиенти, најверојатно веќе имате вештини за услуга на клиентите.

Таа им советува на кандидатите кои сакаат да се обидат со нова професија да го разберат инвестирањето во дополнителни вештини (т.н. надградба на вештини) како чекор што може значително да ги зголеми шансите за вработување. Покрај тоа, иако некои занимања не се најдоа на оваа листа, сезонското вработување во трговијата и угостителството е веќе во полн ек пред новогодишните празници. Без оглед на позицијата за која аплицирате, Салеми им советува на кандидатите да ја прилагодат секоја апликација на конкретното работно место, наместо да испраќаат масовни апликации на десетици огласи.

– Бројот на апликации не е поентата. Клучот е во фокусираниот пристап, подобро е внимателно да изберете неколку позиции што навистина одговараат на вашите способности и цели, отколку да аплицирате случајно и да се надевате на најдобар исход – истакнува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот