Фото: Pexels

Кои градови во светот се најдобри за подигање семејство

Австралиски сервис за споредување цени и производи изработи истражување за да утврди кои градови во светот се најдобри за подигање семејство, а на прво место се најде Брисбејн, следен од Лондон, Окленд и Хелсинки.

При изборот на идеално место за семејство, младите парови најчесто бараат безбедност, практични услови како платено породилно отсуство и пристапност до услуги, како и можности за забавно и активно детство. Иако животот на село има свои предности, животот во град нуди повеќе активности за деца и семејства.

Истражувањето е направено од „Compare the Market AU“, кој ги анализирал 50 градови користејќи девет различни фактори:

* безбедност
* среќа и благосостојба
* број на активности за деца
* месечни трошоци за живот
* национални трошоци за семејни бенефиции
* законско породилно отсуство
* стапки на вакцинација на деца
* трошоци за образование
* зелени површини по жител

Според истражувањето, Брисбејн е најдобриот град во светот за подигање семејство со вкупен резултат од 6,457. Градот особено се истакнува по безбедност, национални стапки на вакцинација на деца и количина зелени површини по жител, која достигнува 84,89.

Австралиските градови генерално се покажаа многу добро: Сиднеј, Перт и Мелбурн се на петто, шесто и седмо место. Новозеландските градови Окленд и Велингтон исто така се меѓу 20 најдобри.

Во Европа, Лондон зазема второ место поради големиот број активности прилагодени за семејства, а Хелсинки е четврти, рангиран како втор по национални трошоци за образование (единствено Стокхолм троши повеќе).

20 најдобри градови за подигање семејство според истражувањето:

1. Брисбејн
2. Лондон
3. Окленд
4. Хелсинки
5. Сиднеј
6. Перт
7. Мелбурн
8. Стокхолм
9. Берлин
10. Сеул
11. Париз
12. Њу Делхи
13. Прага
14. Копенхаген
15. Барселона
16. Лисабон
17. Велингтон
18. Рим
19. Виена
20. Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот