9.2 C
Скопје

Кои анализи треба да му се понудат на пациент со намалена вредност на железо?

СЗО предупредува дека 80 отсто од населението страда од недостаток на железо, а особено истакнува дека повеќе од 35 отсто од децата не внесуваат доволно железо.

Железото, заедно со витамините и други минерали е составен дел на хемоглобинот, миоглобинот и многу ензими, кои имаа битна улога во животните процеси на организмот. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека 80 отсто од населението страда од недостаток на железо, а особено истакнува дека повеќе од 35 отсто од децата не внесуваат доволно железо, што може негативно да влијае на когнитивниот развој, концентрацијата и помнењето.

Човечкиот организам не го создава железото, туку го внесува со храната, заради што е битна правилна исхрана и внес на протеини.

За ресорпцијата на железо битен е витаминот Ц.

Симптоми при недостаток на железо

  • Малаксаност и замор
  • Вртоглавица и несвестица
  • Зголемени менструални крвавења
  • Намалена концентрација
  • Главоболка
  • Опаѓање на косата и кршливост на ноктите
Прочитајте и...  Која е тајната на највкусниот омлет?

Ризични групи

  • Децата во период на развој
  • Жените во генеративниот период, а особено во бременост
  • Вегетаријанци и вегани
  • Пациенти со болести на дигестивниот систем

Серумското железо заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите MCH, MCHC и MCV, даваат слика за состојбата на коскената срцевина, односно дали постои анемија и за каков тип на анемија се работи.

КОИ АНАЛИЗИ ТРЕБА ДА МУ ГИ ПОНУДИТЕ НА ПАЦИЕНТОТ ПРИ НАМАЛЕНИ КОНЦЕНТРАЦИИ НА ЖЕЛЕЗО И НЕКОИ ОД НАВЕДЕНИТЕ СИМПТОМИ

СЕРУМСКО ЖЕЛЕЗО – намалената вредност е најчеста причина за анемија (феродефицитна анемија) 

  • ФЕРИТИН – комплекс на протеин врзан со железо, присутен во сите ткива, особено во коскената срцевина, црниор дроб и слезинката. Нивото на феритин во крвта (серумот) дава слика за вкупната количина на железо, со што може да се превенира дефицит или суфицит на железо во организмот. 
  • ВИТАМИН Б12 – недостатокот предизвикува пернициозна анемија.
Прочитајте и...  Кефир - Го чисти организмот од штетни материи и го подобрува целокупното здравје

Овој витамин има битен антитуморски ефект, претставува извор на енергија за мозокот, ја подобрува концентрацијата и меморијата. Високо ниво на Б12 во староста заштитува од атрофија на мозокот или Алцхајмер.

  • ФОЛНА КИСЕЛИНА – недостатокот доведува до мегалобластна анемија.

Фолната киселина или витаминот Б9 е неопходен додаток во исхраната на бремените жени, но и на секој поединец за нормален и здрав живот.

  • ТРАНСФЕРИН – игра улога во дијагноза, диференцијална дијагноза и следење на промените на метаболизмот на железото кај различни етиологии.

Трансферинот е гликопротеин кој го пренесува железото од желудникот и тенкото црево до неговите депоа, односно до коскената срцевина каде што се вградува во хемоглобинот.

Физиолошки само еден дел од трансферинот е заситен со железо, а другиот е слободен.

  • ТИБЦ (TIBC) – Вкупен капацитет на врзување на железото или капацитет за врзување на железо со трансферинот е тест кој го мери капацитетот на крвта да го мери врзувањето на железото за трансферин. Покачена вредност покажува дефицит на железо, односно недоволно пополнет капацитет на трансферинот. Болести на црниот дроб може да делуваат на резултатот, со оглед дека трансферинот се синтетизира во истиот.
  • УИБЦ (UIBC) – Незаситен капацитет на врзување на железото, односно дел од трансферинот кој сè уште може да врзе железо.
Прочитајте и...  Џони Ротен: „Серијата ќе го уништи угледот на Секс пистолс“

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани вести

Ликот од песната „Божа Пуб“ на Балашевиќ навистина постоел: Ова е легендата за Петар Божаниќ

Милена Ризовска

Секое утро се будела преморена, па ставила ноќна  камера: Се шокирала кога забележала две очи!

Слободен печат

Најздрави природни грицки: смеете да ги јадете во секое време

Слободен печат

Џорџ Клуни прв пат откри кој филм го снимил пијан

Слободен печат

Јагнешки бут со рузмарин

Слободен печат

Роденденска прослава: Сега знаеме од  кого  Ирина Шајк ја наследила убавината

Слободен печат

Остави Коментар