Аудио-касета - Фото: pexels-cartist

Кога носталгијата станува инвестиција: Ако имате некоја од овие 13 касети, можете добро да заработите

Некогаш аудио-касетите беа неизоставен дел од секојдневието – се слушаа во автомобили, на вокмени и домашни музички уреди, се преснимуваа меѓу пријатели и внимателно се чуваа во пластични кутии.

Во осумдесеттите и деведесеттите години се продаваа во милионски тиражи, а ретко кој можеше да претпостави дека одредени изданија еден ден ќе станат вистински колекционерски богатства. Денес, во ерата на дигиталната музика и стриминг-платформите, некои ретки касети достигнуваат вртоглави суми на аукции.

1. „The Black Album“ – Принс
Албумот требало да биде објавен во 1987 година, но Принс го повлекол непосредно пред официјалното издание. Мал број промотивни примероци сепак протекле во јавноста.

Вредност: околу 5.000 долари, а еден примерок во 2017 година бил продаден за 8.750 долари.

2. „Licensed to Ill“ – Бисти Бојс
Првото издание од 1986 година денес е вистинска реткост меѓу колекционерите.

Вредност: до 1.500 долари ако е фабрички запечатено. Користени примероци достигнуваат од 25 до 50 долари.

3. „Deftones“ – Дефтонс
Само 15 примероци од оваа демо-касета биле произведени во 1992 година.

Вредност: еден примерок бил продаден во 2024 година за 5.000 долари.

4. „Ten“ – Прл Џем
Дебитантскиот албум со хитовите „Ивен флоу“ и „Блек“ стана култно издание.

Вредност: запечатените први изданија достигнуваат до 4.000 долари, додека сочуваните примероци се движат меѓу 400 и 700 долари.

5. „Illmatic“ – Нас
Еден од највлијателните хип-хоп албуми на сите времиња.

Вредност: до 900 долари за запечатена касета, околу 100 долари за користена.

6. „The Versace Experience – Prelude 2 Gold“ – Принс
Промотивна касета поделена на моден саем во Париз во 1995 година.

Вредност: околу 4.000 долари.

7. „Adult Diversion“ – Олвејс
Ретко издание објавено пред бендот да потпише договор со голема дискографска куќа.

Вредност: повеќе од 3.400 долари.

8. „Nevermind“ – Нирвана
Култен албум што ја одбележа музичката сцена во деведесеттите години.

Вредност: до 1.500 долари за запечатени примероци.

9. „Infinite“ – Еминем
Рани изданија од ограничен тираж денес се особено барани.

Вредност: колекционерски сетови се нудат за околу 2.000 долари.

10. „Phish“ – Фиш
Рана, самостојно објавена касета на бендот.

Вредност: примерок во многу добра состојба бил продаден во 2024 година за 1.200 долари.

11. „Man in the Mirror“ – Мајкл Џексон
Оригинална демо-касета од овој хит е исклучително ретка и високо ценета.

Проценета вредност: меѓу 30.000 и 50.000 долари.

12. „Xero“ – Линкин Парк
Ретко демо-издание од периодот пред светската слава на бендот.

Вредност: продадено за 4.500 долари.

13. „The man who sold the world“ – Дејвид Боуви
Британската верзија на овој албум е особено барана меѓу колекционерите.

Вредност: околу 200 долари во добра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот