„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“: Канје Вест запеа за неговите деца

ким кардашијан
Поранешните сопружници и нивните четири деца / Фото: Принтскрин Инстаграм / EPA-EFE

Канје Вест во неговиот нов сингл насловен „New Love“ се осврнува на тоа како се воспитуваат неговите четири деца со Ким Кардашијан...

Песната беше објавена во четвртокот вечерта, и додека истата како целина ги истражува борбите да се биде во врска и да се одржи љубовта, Је во својот прв стих се жали за тоа дека не поминува доволно време со своите деца како што сака. „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ – е еден од стиховите . Раперот речиси прави да звучи како децата да не можат да го видат дури и ако сакаат…

Ким му се извини на своето семејство во најновата епизода на реалното шоу „The Kardashians“ за сите напади што Канје ги направил кон нив во последно време, преку музика – како во неговата песна „Eazy“, каде што го споменува и Пит Дејвидсон.

Канје очигледно никогаш не си го гризнал јазикот, особено кога станува збор за неговите деца. Да потсетиме, тој и Ким пред неколку месеци се расправале поради тоа што нивната 8-годишна ќерка Норт Вест користи социјални мрежи. Ким и Канје се родители на Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот