Кое е значењето на денешниот празник Цветници според православието?

Еден ден по Лазаровата сабота, во последната недела од велигденскиот пост, се прославува празникот Цветници, кој го симболизира влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.

Името го добил по расцутеното гранче палма кое Исус го носел во рака при овој свечен чин.

Карактеристично за овој празник е што и покрај тоа што се смета за голем, не значи дека не треба да се работи – напротив, ова е одличен ден за земјоделците, особено за оние кои одгледуваат лен и зелка.

Исто така, Цветници е и одличен празник на кој можете без грижа на совеста да започнете нешто ново или да носите важни одлуки.

Според верувањата, симбол на последниот викенд пред Велигден се копривата и врбата, па затоа во многу традиционални домови можете да видите украси токму од овие растенија.

На овој ден именден слават оние кои носат имиња изведени од некое цвеќе, на пример Цветанка, Ружица, Лилјана и т.н.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот