Коалицијата предводена од САД со засилена патрола во Сирија по турските бомбардирања

фото EPA-EFE/SEDAT SUNA

Меѓународната воена коалиција, предводена од САД, ги засили патролите во североисточна Сирија, откако областа беше бомбардирана од турските сили, изјави денеска неименуван воен извор.

Турција, на 20 ноември, почна серија воздушни напади врз позиции на курдските борци во североисточна Сирија, за кои официјална Анкара се изјаснува дека се терористи.

Неколку стотици војници од меѓународната коалиција се распоредени во овој регион, што е под контрола на Сириските демократски сили, во кои доминираат Курди. Овие сили ја водеа борбата против џихадистите на Исламската држава протерани од нивните упоришта во Сирија во 2019 година.

„Меѓународната коалиција, во координација со курдските сили, продолжи со периодични патроли на североистокот на Сирија, поради турските напади на оваа област“, ​​изјави извор близок до курдските сили.

Секоја патрола има четири оклопни возила со американски знамиња и едно возило на курдските сили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот