Клубот за кој играа двајца Македонци, Палермо повеќе не постои!

picenotime.it

Денеска беше објавено дека овој клуб за кој до неодамна настапуваа македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски згасна поради банкрот.

До минатата натпреварувачка сезона се натпреваруваше во Серија Б. Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ Андреа Зампарини, синот на поранешниот сопственик на клубот, Маурицио Зампарини, испрати понуда во вредност од 10 милиони евра со цел да ги подмири клупските долгови, но таа сума била премала за да биде прифатена понудата.

Палермо минатата сезона ја заврши сезоната во горниот дел од табелата и требаше да се натпреварува во плеј-офот на Серија Б за пополнување на последните места во Серија А, но поради финансиски долгови беше исфрлен од натпреварувањето.

Не им беше дозволено да играат во Серија Б во сезоната 2019/20 поради финансиските нерегуларности, а веднаш потоа беше формиран и т.н. „феникс клуб“, нов тим на Палермо кој сега се натпреварува во Серија Д, четврти ранг на италијанскиот фудбал.

Тој нов клуб официјално се вика „ССД Палермо“ и исто така настапува во розева опрема, на стадионот „Ренцо Барбера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот