Клоп со солзи во очите: Оваа титула е за Стиви и за Кени

Ливерпул конечно го прекина 30-годишниот пост и ја освои шампионската титула, а најголемите заслуги за тоа му се припишуваат на менаџерот Јирген Клоп кој го презеде водењето на екипата кога беше далеку од врвот.

Јирген Клоп/принтскрин

Но, за четири години откако е на клупата на „црвените“, Клоп стана европски шампион, а сега ја надополни колекцијата на трофеи со најпосакуваниот, трофејот за шампионот во Премиер лигата. Емотивниот Клоп, со солзи во очите ја прослави титулата, но не заборави да ги спомене и клупските легенди Стивен Џерард и Кени Далглиш.

– Ова е неверојатно. Оваа титула е и за Кени Далглиш кој пстојано не поддржуваше сиве овие години. И тој чекаше 30 години за титулата. Оваа титулоа е и за Стивен Џерард. Немам зборови, ова е неверојатно, повеќе од се што сум сонувал. Лесно е да се мотивираш кога си во Ливерпул поради богатата историја, но не знам кој веруваше дека ова е возможно. Ова е неверојатно достигнување, горд сум на моите фудбалери, на мојот тренерски тим. А најдоброто е што се уште не сме готови. Сега ќе уживаме во моментов. Поздрав до сите навивачи, неверојатни сте. Повторно ве замолувам, ќе имаме време за заедно да славиме, сега прославете пред своите куќи, без масовни собири – изјави Клоп за Скај Спортс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот