Клоп: Осум екипи можат да ја освојат Премиер лигата!

EPA-EFE/Phil Noble

Ливерпул в недела од 20.15 часот ќе го пречека Лестер во една од дерби пресметките на деветтото коло во Премиер лигата. Составот на Јирген Клоп во овој дуел влегува со бод помалку од водечкиот Лестер.

Во последните три сезони Манчестер сити и Ливерпул освојуваа титули со 100, 98 и 88 бодови, а оваа сезона поради повредите на клучните играчи и неубедливите игри на најголемите фаворити, се верува дека за титулата шампион ќе бидат потребни 85 бодови.

– Осум екипи можат да ја освојат Премиер лигата и не би имал ништо против отворен, директен меч за титулата. Не ме интересира тоа дали со повеќе или помалку бодови во однос на минатите години можете да дојдете до првото место.

EPA-EFE/Phil Noble

Доколку ја одбраниме титулата, тоа ќе биде можеби и поголем успех од минатата сезона. Тоа е она што го сакам околу Премиер лигата, има многу екипи во трката за шампионскиот трофеј. Не ја започнавме лошо оваа сезона, можеби ни требаше оној пораз од 7:2 против Астон Вила за да научиме нешто – рече менаџерот на Ливерпул, Клоп.

Стратегот на „црвените“ од Енфилд во разговор за „Дејли Мејл“ доби прашање колку клубови сезонава ќе се борат за тронот, Германецот изненадувачки одговори вкупно осум.

Веројатно Клоп мислеше на големата „шестка“ на англискиот фудбал, иако Сити, Арсенал и Јунајтед се во подолниот дел од табелата. Тотенхем на Мурињо има ист број бодови како Ливерпул, а Челси е на петтото место со два бода помалку. Преостанатите две екипи на кои Клоп мислеше се водечкиот Лестер кој веќе еднаш го шокираше фудбалскиот свет и беше шампион и Евертон кој одлично ја започна сезоната со 13 бода од пет натпревари, па претрпе три порази по ред.

Табелата моментно во Премиер лигата (2020/21) –

1.Лестер 18 бодови
2.Тотенхем 17
3.Ливерпул 17
4.Саутемптон 16
5.Челси 15

6.Астон Вила 15
7.Евертон 13
8.Кристал Палас 13
9.Вулверхемптон 13
10.Манчестер сити 12

11.Арсенал 12
12.Вест Хем 11
13.Њукасл 11
14.Манчестер јунајтед 10
15.Лидс 10

16.Брајтон 6
17.Фулам 4
18.Вест Бромвич 3
19.Барнли 2
20.Шефилд јунајтед 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот