Клоп не можеше да верува, големи грешки на Ван Дајк и Алисон! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва во дербито од 36 коло во Премиер лигата шампионот Ливерпул загуби на гостувањето кај Арсенал со 2:1.

Сите голови на „Емирати“ стадионот во Лондон беа реализирани во првото полувреме, први во водство дојдоа Редси со погодокот на Мане.

А „топчиите“ го направија пресвртот благодарение на головите на Лаказет и Нелсон, а придонес имаа и големите грешки на одбранбениот играч Ван Дајк и голманот Алисон.

Арсенал со 13 триумф е на деветтата позиција со 53 бодови, само три помалку од Вулверхемптон кој е на шестото место кое води во квалификациите на Лига Европа.

Воедно за менаџерот Јирген Клоп ова е прв пораз од Арсенал во Премиер лигата во неговата менаџерска кареира. Досега учинокот беше пет победи и три нерешени.

Тотенхем триумфираше за Орие, Сити сигурен против Борнмут (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот