Тотенхем триумфираше за Орие, Сити сигурен против Борнмут (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на Тотенхем ја совладаа како гости екипата на Њукасл со 3:1 во мечот од 36 коло во најсилното англиско првенство. Играчите на Жозе Мурињо запишаа важна победа во борбата за место на табелата кое води во Лигата на Европа.

Херој на натпреварот беше Серж Орие, десниот бек на Тотенхем кој го одигра целиот дуел, а потсетување дека пред само два дена неговиот брат беше убиен во Тулуз.

Тотенхем дојде во водство во 27 минута со голот на Хјунг-Мин, а во 56 мин се случи израмнувањето преку Ричи. Трите бода ги донесе Кејн кој двапати се се запиша во листата на стрелците во 60 и 90 минута од средбата.

Во останатите два меча, Барнли ремизираше 1:1 со Вулверхемптон, додека Манчестер сити со 2:1 беше подобар од Борнмут.

Табела, Премиер лига: Ливерпул 94 бодови, Манчестер сити 75, Челси 63, Лестер 59, Манчестер јунајтед 59, Вулверхемптон 56…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот