Климатските промени може да предизвикаат нов бран на мигранти од Блискиот Исток

Мигранти/ Фото: МИА

Глобалното затоплување особено ќе се одрази на Блискиот Исток и Северна Африка и ќе започне нови бранови на бегалци, смета германскиот климатски научник Јос Леливелд.

Оваа област стана жариште на климатските промени и се загрева многу побрзо од другите области, изјави за ДПА директорот на Институтот за хемија Макс Планк во Мајнц.

Ни камилите не можат да преживеат на таа топлина

Топлите бранови кои траат со недели, со температури до 56 Целзиусови степени, би можеле дополнително да го отежнат живеењето во многу области во кои во втората половина на овој век веќе е тешко да се живее, рече тој. „Дури и камилите не можат да преживеат на таква топлина“, рече Леливелд.

Топлотните бранови во комбинација со други фактори како што е силниот раст на населението, исто така, би го зголемиле притисокот врз миграцијата.

Леливелд вели дека ако глобалното затоплување не престане, просечната температура во летниот период во овој регион може да се зголеми за шест степени.

„Ова е катастрофално сценарио, но не и невозможно“, предупреди тој.

Просечната температура е зголемена за речиси 2 степени од 1980 година

На конференцијата за климата, земјите ветија дека ќе се обидат да го запрат глобалното затоплување.

Научниците велат дека порастот на температурата особено ќе ги погоди земјите од Персискиот залив, но дека последици може да имаат и други области.

Либан, Сирија, Ирак и Израел, но и Египет ќе страдаат од поголема суша во иднина, рече Леливелд, додавајќи дека пустините се шират.

Делови од Сирија и Ирак доживеаја сериозни суши оваа година, што доведе до пад на полот и зголемување на цените на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот