Климата во автомобилот ја зголемува потрошувачката на гориво – еве колку во град, а колку на автопат
Кога температурите растат, климата во автомобилот станува спас за возачите, но малкумина знаат дека нејзиното користење може значително да ја зголеми потрошувачката на гориво – особено во градски услови. Мерења за клима-уредите во автомобилите и нивното влијание врз потрошувачката на гориво спроведе и Германскиот автомобилски клуб (ADAC).
Препорачано
Благодарение на модерните компресори во системите за климатизација, нивното влијание врз потрошувачката на гориво и дополнителните трошоци постепено се намалува. Тестирањата покажале дека просечното дополнително зголемување на потрошувачката изнесува меѓу 10 и 15 проценти.
Големо влијание има и местото каде што се вози автомобилот. Во градски услови потрошувачката може да се зголеми за околу 20 проценти, на отворен пат (каде просечната брзина е околу 100 км/ч) расте за околу шест проценти, додека кога автомобилот работи во лер, потрошувачката може да се зголеми дури и до 70 проценти.
За да се намали потрошувачката на гориво, системот треба самостојно да ја регулира температурата во внатрешноста на возилото, односно да се користи режимот „авто“ (аuto), доколку автомобилот има автоматски клима-уред. Овој начин на работа е многу поефикасен отколку рачно да се одредува јачината на климатизацијата.


