Ќерката на Здравко Чолиќ украла 20 000 евра од дома за да му купи кола на момчето

Здравко и Уна Чолиќ, Фото: Инстаграм

Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко, за да му купи автомобил на своето момче. Кога пејачот видел дека му недостасува поголема сума пари повикал полиција, па преплашената девојка признала сè и ги вратила парите, дознава „Курир“. Оваа драма се одвивала во куќата на познатиот пејач пред неколку месеци.

Веднаш штом ги зела парите, со момчето отишле во салонот за автомобили, каде ги погледнале моделите. За среќа, тој што им се допадна не бил достапен, па продавачите на кои им било сомнително од каде им се парите на млади луѓе за нови автомобили, им рекле дека треба да почекаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)

Во меѓувреме Чола забележал дека му недостасуваат многу пари од сефот, поради што повикал полиција која набрзо пристигнала во нивниот семеен дом. Сопругата Александра ги известила ќерките кои не биле дома и им кажала дека имаат проблем и дека се ограбени, а службениците се таму.

Уна кога го слушнала тоа, се збунила и веднаш дошла во семејната вила, каде признала сè. Според нашиот соговорник, девојката плачела и открила дека тајно ги земала парите, а потоа открила и зошто. Таа им се извинила на родителите што им подготвила ваква непријатна ситуација и морале да повикаат полиција, па им ги вратила парите, приближно 20.000 евра.

И Чола и неговата сопруга биле изненадени од нејзиното признание, особено што таа никогаш не била проблематична. Но, тие не ѝ се налутиле, туку ѝ рекле дека не е во ред тоа да го прави и дека секогаш треба да биде искрена со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот