Ќе се снимаат 14 „Саут Парк“ филмови, потпишан e договор од 900 милиони долари

саут парк south park
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Треј Паркер и Мет Стоун, коавторите на „Саут Парк“, потпишале договор за обновување на култната серија со кој не само што ќе се продолжи истата до 2027 година, туку ќе создадат и 14 „Саут Парк“ филмови.

„Deadline“ известува дека новиот договор на Паркер и Стоун со „ViacomCBS“ ќе ја задржи анимираната серија на „Comedy Central“ и ќе ги испрати сите 14 претстојни филмови до стриминг услугата на компанијата „Paramount+“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by South Park (@southpark)

Првите два филма треба да бидат премиерно прикажани на „Paramount+“ подоцна оваа година, а платформата планира да се објавуваат по две долгометражни изданија секоја година до 2027 година. Иако „ViacomCBS“ не откри точна сума за договорот на Паркер и Стоун, се известува дека тој изнесува околу 900 милиони долари, што го прави еден од најголемите во историјата на телевизијата.

„Мет и Треј се креативци од светска класа, кои брилијантно го користат својот безобразен хумор за да ги коментираат апсурдите на нашата култура и ние сме возбудени што ќе ја прошириме и продлабочиме нашата долга врска со нив“, вели Крис Мекарти, претседател и извршен директор на „Entertainment & CCO/Adult Animation – Paramount+“.

Во заедничка изјава, Паркер и Стоун се пошегуваа дека „Comedy Central“ им бил дом 25 години и дуото е „навистина среќно што се обврзаа кон нас за следните 75 години“.

„Кога им пристапивме на „ViacomCBS“ со поинаков начин да го произведуваме шоуто за време на пандемијата, Крис (Мекарти), Нина (Дијаз), Кис (Хил-Едгар) и Тања (Гајлс) веднаш не поддржаа и ни овозможија да пробаме нешто ново што беше навистина добро прифатено. Едвај чекаме да се вратиме на традиционалните епизоди на „Саут Парк“, но сега можеме да испробаме и нови формати. Одлично е што имаме партнери кои секогаш ризикуваат со нас”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by South Park (@southpark)

Легендарната серија „Саут Парк“ првпат била премиерно прикажана на „Comedy Central“ во 1997 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот