Ќе се разјасниме и со Алтернатива, вели Касами
Алтернатива минатата недела одлучи партијата да се приклучи во новата партија Вреди. Но, со една од точките партијата на Беким Сали бара пред потпишувањето на конечниот договор да се прецизираат правата на секој орган. Претседателот на Беса, Биљал Касами, изјави дека субјектите од оваа коалиција вечерва се состануваат за да го конкретизираат функционирањето како обединета партија и дека ќе се разјаснат и со Алтернатива.
Препорачано
„Алтернатива, како и Движењето Беса и ДД, веќе донесоа одлука за спојување на партиските органи во еден субјект. Денес го имаме следниот состанок, каде верувам дека ќе ги разјасниме овие прашања и со Алтернатива и од вечерва верувам дека ќе започне патот на Вреди како политички субјект“, вели Касами.
Според него, со реконструкцијата на Владата може да бидат опфатени Фатмир Лимани и некој од Алијансата за Албанците, при што најверојатно станува збор за Арбен Фетаи.
„Како Фатмир Лимани, така и други личности. Знаете дека имаше случувања во рамки на Алијансата, можеби ќе бидат дел од планот за реконструкција, но најважно е фокусот да биде на Вреди и верувам дека до реконструкцијата на Владата Вреди ќе биде поконсолидиран“, вели Биљал Касами.
Но, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тоа ќе се решава во рамки на најавената реконструкција во мај или јуни.
„Најавивме дека некаде во периодот мај–јуни ќе имаме реконструкција на Владата и подразбира дека многу од прашањата, пред и за време на таа реконструкција, ќе бидат ставени на маса и ќе се разговара за нив.“, вели Христијан Мицкоски.
Состанокот на лидерите на Вреди според најавите, треба да се одржи вечерва.
Фатмир Лимани одговори на прашањето од Вреди – што барал на маса со Али Ахмети на ифтар?


