фото: скриншот

ВИДЕО | Шпанската влада одговори на заканите од Трамп: Ќе мора да ги почитува правото и договорите

Шпанската влада одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на целата трговија и контакти со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен сојузник“ поради, како што наведе, одбивањето на земјата да ги отстапи своите бази за операциите на САД во Иран, пренесува RTVE.es.

Во соопштението, властите во Мадрид изјавија дека, доколку Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и на билатералните договори меѓу Европската Унија и САД“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез истакна дека Шпанија е клучна членка на НАТО која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.

„Ние сме и извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји во светот, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и заемно корисни трговски односи“.

Санчез, еден од ретките левоориентирани лидери во Европа, во неделата ги нарече нападите на САД и Израел врз Иран „неоправдана, опасна воена интервенција“ која претставува прекршување на меѓународното право.

Калас: Се отвори патот за поинаков Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот