Ќе има казни – УЕФА отвори истрага за скандалот во Лисабон
УЕФА се огласи по немилите сцени на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, каде што, според тврдењата на фудбалерот на „кралевите“, Винисиус Жуниор, бил мета на расистички навреди.
Препорачано
Бразилецот посочил дека аргентинскиот играч Џанлука Престијани, во момент кога со дресот ја покрил устата, наводно го нарекол „мајмун“. Случајот веднаш крена голема прашина, а европската куќа на фудбалот најави детална истрага.
Од Нион потврдија дека веќе е добиен официјален извештај и дека постапката е во тек.
„Го добивме службениот извештај и отворивме истрага. Ќе ги разгледаме сите детали и ќе донесеме одлука за евентуални санкции. Во оваа фаза немаме дополнителни коментари“, соопштија од УЕФА.
Јасно е дека задачата нема да биде лесна, бидејќи одлуката ќе се темели на спротивставени тврдења, зборот на Винисиус наспроти зборот на Престијани.
Винисиус за скандалот во Лисабон: Толку е слаб што мораше дресот да го стави преку уста
Мбапе бесен: „Фудбалерот со број 25, пет пати го нарече Винисус мајмун“


