Кивање, кашлање, течење на носот: Еден симптом е клучна разлика помеѓу алергија и настинка

Фото: Wikimedia Commons

Кашлање, кивање, болки во зглобовите, температура... се само некои од симптомите коишто овие денови ги мачат граѓаните. Имено, иако циркулираат вирусни и бактериски инфекции, не треба да заборавиме ниту на тоа дека сме на почетокот на сезоната на пролетни алергии, кои даваат симптоми слични на грип.

Д-р Бисерка Обрадовиќ наведува дека постои симптом со помош на кој можете да направите разлика, но дека секако треба да се јавите кај вашиот лекар, ако се во прашање посериозни инфекции.

– Најчеста разлика помеѓу алергии и бактерии, настинки и грип е во зголемената телесна температура. Меѓутоа, тие често може да бидат здружени, затоа е потребно прво да се направи лабораториски тест кој ќе открие во што е проблемот. Кај алергиите, на пример, кивањето е посилно, симптомите траат подолго. Сега се појави проблем кај луѓето што страдаат од алергии, бидејќи немавме нормален премин на времето, веќе во еден ден сè почна да цвета. Оваа година се разликува од другите бидејќи годинава имаме дури осум видови цветање во исто време. Беше потребно да се земаат терапии една недела пред активниот алерген, со цел лекот да се врзе за рецепторите, но токму поради наглото затоплување тоа не беше можно, така што повеќето задоцнија и сега чувствуваат посилни симптоми, затоа советот е што попобрзо да се обратат кај лекар – рекла д-р Обрадовиќ.

Како да го заштитите имунолошкиот систем

Во овој период од годината потребно е да се посвети посебно внимание на имунолошкиот систем и како да се поработи на него.

– Ако некој е често болен, а настинките се придружени со температура, тоа обично може да значи дека се работи за вирусна инфекција која се крие во организмот, а лекарите мора да обрнат внимание и на другите симптоми, бидејќи во нашиот организам сè е поврзано.

Ако некој е често болен, очигледно е дека има вирусна инфекција која само се залекува, меѓутоа, мора да се реши причината за проблемот за да не се повторуваат настинките. Имунитетот често е погоден од храната што ја јадеме, повеќето од луѓето се и алергични на одредени намирници, а не се ни свесни за тоа, што дополнително доведува до лачење на токсини во нашиот организам, а тоа мора да се спречи. Затоа, лекарите мора да ги поврзат симптомите и да го откријат главниот проблем, а не само да препишуваат антибиотици. Лекарите не ја гледаат врската, тоа повторно ќе го спомнам, а таа постои. Воспалителната реакција најчесто доаѓа од храната – рекол имунологот Борис Каменов за српски „Телеграф“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот