Кипар постепено ги ублажува рестриктивните мерки
Постепено ублажување на рестриктивните мерки почнува од денес на Кипар, со отворање на берберниците, фризерските и козметичките салони, откако на десети јануари беа воведени карантин и полициски час. Вработените во приватниот сектор место од дома се враќаат на работа, со тоа што нивниот број ќе се зголеми до 50 отсто.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полицискиот час кој трае од 21 часот до пет чаот наутро останува на сила како и задолжителното испраќање СМС пораки за движење на граѓаните. Забраната за собирање во домовите е продолжена, а дозволена е посета од најмногу две лица кои се најблиски роднини.
Министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану на неговиот официјален твитер-профил, утрово напиша дека земјата од денес почнува со укинување на рестриктивните мерки со надеж дека е почеток на излегувањето од карантинот, и дека нивната стратегија е базирана врз тестови, протоколи и вакцини и ги повика граѓаните кои се враќаат на работа да се тестираат со брзите тестови и да ги почитуваат протоколите.
Во втората фаза од ублажувањето на мерките, која почнува следната недела, планирано е во училиштата да се вратат учениците од основните училишта и матурантите, да се отворат продавниците, моловите и трговските центри, обложувалниците, музеите и археолошките локалитети, црквите, а во домовите да бидат дозволени посети на најмногу четири лица. Од почетокот на епидемијата, на Кипар се регистрирани вкупно 30.876 случаи на Ковид-19, а починаа 199 лица.


