Кипар го укинува строгиот карантин, воведува Коронапас

epa08435504 A waiter serves customer in a cafe in Nicosia, Cyprus, 21 May 2020. The Cyprus government has removed some restrictions to contain the ongoing COVID-19 and coronavirus pandemic with some businesses allowed to re-opened following strict rules for hygiene and safe distance. EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Властите на Република Кипар од денеска го укинуваат строгиот режим на карантин, но на жителите на островот, за да влезат буквално на кој било јавен простор, ќе им треба таканаречена Коронапас – пропусница што покажува дека нејзиниот сопственик не го шири коронавирусот.

Одлуката во средата ја донесе кипарската Влада.

Коронапас може да биде потврда за негативен ПЦР-тест за коронавирус направен во последните 72 часа, или документи кои докажуваат дека некое лице примило барем една доза вакцина најдоцна не подоцна од пред три недели, прележало ковид-19 во последните шест месеци. Оваа пропусница ќе биде потребна за сите кои ќе посетуваат трговски центри, театри и кина, како и спортски сали, кои ќе бидат отворени денеска.

Исто така, Коронапас ќе треба за посета на црква и присуство на церемонии како што се свадби, крштевки или погреби. До 16 мај најмногу 10 лица ќе можат да учествуваат на вакви церемонии. Од 17 мај, границата ќе се зголеми на 200 лица, но со одредбата овие настани да се одржуваат само на отворено.

За црквите, театрите и кината ќе има тристепен систем за олеснување на ограничувањата. Од 10 мај, во нив нема да бидат дозволени повеќе од 50 лица во исто време, од 17 мај – до 30 проценти од нивниот капацитет, а од 1 јуни – до 50 отсто. Големите продавници од 10 јуни ќе треба да обезбедат минимална површина од 10 квадратни метри за секој клиент. Од истиот ден на островот ќе се продолжи со настава со физичко присуство, а учениците ќе се тестираат секоја недела со брзи антигени тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот