КИНЕЗИТЕ ВЛОЖУВААТ ВО ГРЦИЈА: Пиреј ќе го направат најголемо европско пристаниште со инвестиција од 600 милиони евра
Кина и Грција се договорија да ја продолжат реализацијата на 600 милиони евра вредната инвестиција за кинеската компанија Коско на најголемото грчко пристаниште Пиреј. Договорот е склучен при настојувањата да се зајакне неговата улога како центар во брзорастечката трговија помеѓу Азија и Европа.
Препорачано
Овој договор, кој е дел од 16 билатерални трговски договори кои ќе бидат потпишани меѓу Грција и Кина, доаѓаат при официјалната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Атина, пренесува агенцијата Ројтерс.
Односите на двете земји станаа поблиски од 2009 година, кога Коско доби 35-годишна концесија за модернизација и управување со контејнерите на пристаништето во Пиреј. Коско во 2016 година ги купи мнозинството 51 отсто акции на пристаништето Пиреј. Кинеската компанија планира пристаништето да го претвори во најголемо комерцијално пристаниште во Европа, при што би потрошиле околу 600 милиони евра за унапредување на работата.
Тој износ ги опфаќа и задолжителните инвестиции во износ од 300 милиони до 2022 година, кои ќе овозможат компанијата Коско да преземе уште 16 проценти од уделот во пристаништето.
Меѓутоа, отпорот на локалните заедници ја натера Грција минатиот месец да го отфрли предлогот на компанијата Коско за изградба на нов контејнерски терминал во Пиреј.


