„Ништо не е поприсутно од твоето отсуство“ — Петре М. Андреевски, човекот што ни го подари најубавото опевање на љубовта кон една жена
На денешен ден, 25 јуни 1934 година, во демирхисарското село Слоештица е роден Петре М. Андреевски – еден од најзначајните македонски поети, романописци, раскажувачи и драмски автори. Неговото творештво опфаќа поезија, романи, раскази, драми, есеи и литература за деца, а делата му се преведени на повеќе светски јазици. Во 2000 година беше избран за редовен …

