Кинескиот Парламент усвои одлука за јакнење на контролата врз Хонгконг

epa09067106 Delegates leave after the closing session of the National People?s Congress (NPC), at the Great Hall of the People, in Beijing, China, 11 March 2021. China held two major annual political meetings, The National People?s Congress (NPC) and the Chinese People's Political Consultative Conference (CPPCC) which run alongside and together known as 'Lianghui' or 'Two Sessions'. EPA-EFE/ROMAN PILIPEY / POOL

Кинескиот Парламент ја прифати денеска предлог-одлуката за промена на изборниот систем во Хонгконг, со што дополнително ќе се намали демократската застапеност во градските институции и ќе се воведе механизам за проверка на лојалноста на политичарите кон Пекинг, односно зајакнување на кинеската контрола врз тој град.

Парламентот ја донесе одлуката со 2.895 гласа „за”, ниту еден „против” и еден воздржан на последниот ден од годишното заседание.

Мерките се дел од напорите на Пекинг да ги зајакне своите сè повеќе авторитарни контроли врз глобалниот финансиски центар, откако во јуни минатата година го наметна законот за национална безбедност, што критичарите го сметаат како алатка за сузбивање на неистомислениците.

Тоа претставува реакција на Пекинг на продемократските протести во Хонгконг во 2019 година, кои се сметаа како закана за националната безбедност на Кина. Оттогаш, најистакнатите демократски политичари и активисти се затворени или ја напуштиле земјата.

Промените практично ја елиминираат секоја можност опозицијата да влијае врз исходот од изборите во поранешната британска колонија, која беше вратена под кинеското владеење во 1997 година со ветување за висок степен на автономија.

Механизмот за „патриотизам” го зголемува ризикот политичарите да се натпреваруваат околу тоа кој е полојален на Пекинг, отколку кој има подобри идеи за управување со градот, предупредуваат аналитичарите.

Ќе се промени големината, составот и начинот на формирање на изборниот комитет кој го избира лидерот на Хонгконг.

Изборниот комитет исто така ќе добие овластување да избере голем број градски пратеници. Ќе се воспостави нов механизам за проверка на однесувањето на кандидатите и следење на однесувањето на победникот на изборите, со цел да се гарантира дека само патриоти управуваат во Хонгконг.

Секретарот за уставни работи во Хонгконг, Ерик Цанг го дефинираше патриотизмот како „холистичка љубов” кон Кина, вклучувајќи и кон раководството на Кинеската комунистичка партија.

Пекинг вети општо право на глас во мини-уставот за Хонгконг, во Основниот закон.

Но, критичарите велат дека промените во изборниот систем го туркаат Хонгконг во спротивна насока, оставајќи и на демократската опозиција најтесен простор од 1997 година.

Нејасно е како треба да изгледа идната опозиција и како нејзината порака може да биде согласно барањата за лојалност.

Кинескиот Парламент одобри и петгодишен план за економски развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот