Кина и Филипините повикаа на воздржаност во Јужното Кинеско Море

Родриго Дутерте и Си Џинпинг/ Фото EPA-EFE/KENZABURO FUKUHARA / POOL

Лидерот Филипините Родриго Дутерте и кинескиот претседател Си Џинпинг ја истакнаа потребата од воздржаност за да се одржи мирот во Јужното Кинеско Море, соопшти во саботата претседателскиот кабинет на Манила, пренесува Ројтерс.

Двајцата лидери одржаа едночасовен телефонски самит, на кој разговараа за широк спектар на теми, вклучително и загриженоста за украинската криза и одговорите на пандемијата на ковид-19.

„Лидерите ја истакнаа потребата да се вложат сите напори за одржување на мирот, безбедноста и стабилноста во Јужното Кинеско Море преку воздржаност, намалување на тензиите и работа на взаемно прифатлива рамка за функционална соработка“, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Двете страни се обврзаа да го прошират просторот за позитивни ангажмани, иако постојат спорови, соопшти кабинетот на Дутерте.

Откако ја презеде функцијата во 2016 година, Дутерте продолжи со потопли врски со Пекинг, оставајќи ја настрана долготрајната територијална расправија над Јужното Кинеско Море во замена за милијарди долари помош, заеми и инвестициски ветувања.

Двајцата претседатели зборуваа за важноста од продолжување на дискусиите и склучување на кодексот на однесување на Јужното Кинеско Море.

Пресудата на меѓународната арбитража во Хаг во 2016 година ги поништи големите барања на Кина за водниот пат, низ кој годишно поминува бродска трговија во вредност од околу 3 трилиони долари. Случајот беше изнесен пред трибуналот од Манила.

Дутерте и Си ги обновија повиците за мирно решавање на ситуацијата во Украина преку дијалог и ветија дека ќе работат заедно во справувањето со влијанијата од климатските промени, соопшти претседателскиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот