Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели (19), победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија во Формула 1 шампионатот. Италијанецот ја забележа својата втора победа во кариерата на патеката Сузука, втора по ред, а со преземањето на водството во генералниот пласман, тој стана најмладиот возач во историјата што го постигнал тоа.
Препорачано
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го освои второто место на 40-годишнината од Големата награда на Јапонија (36-та трка возена на „Сузука“), додека возачот на Ферари, Шарл Леклер, дојде до третата позиција на подиумот.
Џорџ Расел од Мерцедес ја помина целта на четвртото место, Ландо Норис од Мекларен заврши петти, а возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши шести.
Бодови освоија и Пјер Гасли од Алпина, Макс Верстапен од Ред Бул, возачот на Рејсинг Бул, Лиам Лосон и возачот на Хас, Естебан Окон.
Во генералниот пласман по три трки, Антонели води со 72 бода, Расел е втор со девет бода заостанување, а Леклер е на третото место со 49 бода.
Шампионатот во Формула 1 прави едномесечна пауза, а следната трка ќе се вози на 3 мај во Мајами, САД.


