Ким Кардашијан заработува повеќе од објавите на Инстаграм отколку од реалното шоу

Instagram
Instagram

Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан ја стекна својата слава преку семејното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“, кое ќе престане да се емитува по 14 години постоење.

– Никогаш не мислевме дека ќе снимиме втора сезона, а всушност снимивме 20. Едноставно ни е потребна пауза, едноставно е – објасни Ким во едно интервју, а неодамна во шоуто на Дејвид Летерман призна дека шоуто повеќе не и е примарен извор на заработка.

Имено, старлетата призна дека повеќе заработува со една спонзорирана објава на социјалните мрежи, отколку од цела сезона на шоуто.

Instagram

– Без шоуто ние не би биле она што сме денес и поради тоа продолжувавме со него, но реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме многу повеќе отколку за една цела сезона, изјави Ким во таа прилика.

Според пишувањето на TMZ, кланот Кардашијан-Џенер во 2017 година потпишал договор за дополнителни пет сезони за 150 милиони долари.

Мајката и менаџерка на моментално најпопуларната сестра, Крис Џенер откри дека заработката од реалното шоу се дели на еднакви делови, а кога ќе се одбијат нејзините 10 проценти кои Крис ги заработува како нивна менаџерка, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Фото: Инстаграм

Ким, инаку, оваа година се најде на четвртото место меѓу најплатените инфлуенсерки во светот, па на страницата „Hooper HQ“ која секоја година објавува листа, се наведува дека Ким заработува дури 858 илјади долари по спонзорирана објава. Судејќи според тоа, Ким од една објава не заработува иста количина на пари како од една сезона, но не е далеку од тоа. Нејзината сестра Кајли заработува нешто помалку од милион долари по објава и нејзината цена е 986 илјади долари

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот