КИЈАНУ РИВС и КЕРИ ЕН МОС се враќаат во четвртиот дел од „Матрикс“

матрикс
Фото Профимедиа

Четвртиот дел од „Матрикс“ официјално е потврден и во актерската екипа се враќаат Кијану Ривс и Кери Ен Мос, како Нео и Тринити, ликови од оригиналната трилогија.

Сценариото и режијата се повторно на Лана Ваховски. Продукцијата ќе ја работи Ворнер Брос, а до идејата за ново продолжение дошле откако работеле на четвртиот дел на „Приказна за играчките“, односно третиот за „Џон Вик“.

Оригиналната трилогија на „Матрикс“ заработи вкупно 1,6 милијарди долари на светско ниво. Се шпекулира дека во улогата на Морфеус повторно ќе се појави Лоренс Фишбурн, но за ова нема официјална потврда.

Лили Ваховски, која беше дел од оригиналната франшиза, јавно даде поддршка за новиот дел и кажала дека ќе го гледа, но дека се иззема од учество во режирањето и продукцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот