Киев реагира на изјавите на Милановиќ: Тој го доведува во прашање нашиот територијален интегритет

Зоран Милановиќ /Фото EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Со изјавата дека Крим никогаш повеќе нема да биде Украина хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина и тоа го сметаме за неприфатливо, напиша денеска на Фејсбук портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.

„Се прашувам дали Зоран Милановиќ би можел да стане претседател на својата земја со таква реторика во 1990-тите, кога Хрватска се бореше за зачувување на својата државност? Дали неговите гласачи би се согласиле да ги затворат очите пред окупацијата на дел од нивната земја? Се сомневам во тоа ” напиша Николенко.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера во Петриња изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина”, алудирајќи на тоа дека меѓународната заедница веќе направила таков преседан со Косово.

Русија, ианку, го анектираше Крим пред девет години, во 2014 година.

Во својот пост, Николенко потсети дека „Хрватска можеше да изгуби една третина од својата територија поради надворешна агресија”.

„Сепак, благодарение на херојската борба, Хрватите успеаја да ја заштитат независноста на својата земја. Сметаме дека изјавите на претседателот на Хрватска, кој всушност го доведе во прашање територијалниот интегритет на Украина, се неприфатливи”, нагласи портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.

Милановиќ: Го украдовме Косово од Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот