Украинскиот претседател Зеленски во „ф-16“ во Данска - Фото ЕПА, Мадс Клаус Расмусен

„Киев индепендент“: Зеленски до ноември ќе излезе со нов план за праведен мир

Украина најави дека до ноември ќе има акциски план како да се стигне до мировно решение за конфликтот со Русија. Ова го најави конкретно претседателот Володимир Зеленски, пишува „Киев индепендент“ повикувајќи се на интервју дадено на украинскиот претседател за медиум од Токио NHK објавено на 27 јули.

Според медиумот планот се поврзува со три главни цели што беа споменати и во коминикето на швајцарскиот самит, а тоа се: нуклеарна безбедност, глобална безбедност на храна, и ослободување на депортирани деца, воени заробеници и нелегално заробени цивили.

Зеленски најавил дека земјата ќе почне и „детални дискусии со релевантни држави“ за територијалниот интегритет и други прашања.

– Трпение, поддршка и дипломатски притисок се трите фактори за правичен крај на војната. Ако САД и европските држави го одржат единството тоа ќе додаде кон притисокот и ќе ѝ покаже на Москва дека нема шанси – изјавил Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто порачал дека нема прифаќање на барањата за прекин на огнот сè додека Русија и понатаму окупира украинска територија.

Паралелно на ова, Украина објави дека по Швајцарија планира да организира и втор мировен самит на кој ќе биде поканета и Русија, и дека тоа ќе се случи пред претседателските избори во САД на почетокот од ноември.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галужин, порача дека Русија нема намера да учествува на втор самит.

За Кремљ украинските мировни напори и нивната формула од 10 точки се нерелевантни и „ултиматум“ – изјави Галужин.

Во меѓувреме зборувајќи еден ден пред швајцарскиот самиот, рускиот претседател Владимир Путин порача дека како услов за примирје, Украина мора целосно да се повлече од четирите области делумно окупирани од Москва.

Шок во Украина!?: Зеленски навести нови граници на својата земја?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот