Шок во Украина!? Зеленски навести нови граници на својата земја?
Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, смета дека откажувањето територии за време на преговорите со Русија е „многу тешко прашање“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак во интервју за францускиот весник „Монд“, Зеленски не исклучи референдум за тоа како војната треба да заврши, пренесува српска „Правда“.
Тој истакна дека прашањето за територијалниот интегритет на Украина не може да го реши сам претседателот, без украинскиот народ.
Сепак, Зеленски не ја смета за „најдобра опција“, посочувајќи дека тоа би било победа за рускиот лидер Владимир Путин.
Коментирајќи ги можните преговори со Руската Федерација, тој повторно призна дека Украина можеби нема да може да ги врати териториите со воени средства.
„Тоа не значи дека во тој момент, за време на евентуалните преговори со Руската Федерација, ќе ги вратиме нашите граници од 1991 година, но верувам дека праведен мир за Украина е во враќањето на нашиот територијален интегритет, но тоа не значи дека треба да го направиме тоа само со помош на оружје“, рече украинскиот претседател.
Тој повторно се заложи за присуство на Русија на вториот „мировен самит“ бидејќи како што посочи „сите го сакаат тоа“.
„Поголемиот дел од светот денес вели дека Русија мора да биде претставена на вториот самит за Украина, во спротивно нема да постигнеме одржливи резултати. И бидејќи целиот свет сака тие да бидат на преговарачка маса, ние не можеме да бидеме против тоа“, рече Зеленски во интервју за француските медиуми.
Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека Москва е отворена за сите иницијативи за дипломатско решение на кризата во Украина, но во моментов не гледа дека Киев ги дели истите желби.


