„Кибер напади за пораз на Трамп“: Параноја во Белата куќа или вистинско мешање на кинески хакери во американските избори?

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Хакери поврзани со кинеската влада ја напаѓаат американската изборна инфраструктура при претседателските избори закажани за есента, изјавил во неделата советникот на Белата куќа за национална безбедност, Роберт Обрајан, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Обрајан претставува чекор подалеку од соопштението од Канцеларијата на директорот за националната разузнавачка заедница (ОДНИ), објавена во петокот, каде се наведува дека Кина ги шири своите обиди на влијание и дека Русија веќе пробува да се меша во кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Но, ОДНИ не го обвини директно Пекинг за обиди на хакирање на системите поврзани со американските избори.

„Тие би сакале претседателот да изгуби“, рекол Обрајан за Си-Би-Ес.

„Кина, како и Русија и Иран, се занимава со кибернетички напади и онлајн крадење на идентитети и такви работи кои се однесуваат на нашата изборна инфраструктура и интернет страници“, наведе советникот на Трамп.

Кина постојано ги отфрла обвинувањата на американската влада дека ги хакира американските претпријатија, политичари и владини агенции.

„Американските претседателски избори се внатрешна работа, немаме интерес да се мешаме во нив“, изјавил уште во април портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Обрајан вели дека САД откриле дека хакери се обидуваат да се инфилтрираат во интернет страници кои припаѓаат на канцелариите на државниот секретар низ земјата, кои се одговорни за организирање на избори на локално ниво и собирање на информации за Американците.

„Тоа е навистина причина за загриженост и не станува збор само за Русија“, рекол советникот на Трамп.

„Ќе има сериозни последици за било која земја која се обидува да се меша во нашите слободни и праведни избори“, предупреди Обрајан.

Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот