КФСМ: Не е возможно да се организира редовното годишно Собрание

фото: КФСМ

Дозволениот број на учесници на еден ваков собир е ограничен до максимум 30 лица..

Минатогодишното изборно Собрание се одржа на 15 мај 2019 година и за во месец мај 2020 година беше планиран терминот за одржување на редовното годишно Собрание на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија..

Како што пренесуваат од федерацијата, поради актуелната состојба со пандемијата на коронавирус, како и согласно Одлуката за мерки за спречување и ширење на коронавирус Ковид-19 од 12 март 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување и ширење на коронавирус Ковид-19 од 12 мај 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, како и Протоколот за одржување на седница на организа на управување и конференции од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство (Прилог бр. 4), во овој период не е возможно организирање на редовното годишно Собрание.

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување и ширење на Коронавирус COVID-19 од 12 мај 2020 година и Протоколот (Прилог бр. 4), дозволениот број на учесници на еден ваков собир е ограничен до максимум 30 лица.

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија како сериозна и одговорнна организација коај е целосно посветена на заштита на здравјето на луѓето, ќе го закаже терминот за одржување на редовното годишно Собрание штом ќе се создадат законски дозволени и целосно безбедни по здравјето на луѓето услови за одржување на истото, за што сите членови-претставници на Собранието на КФСМ ќе бидат уредно и навремено известени – информира претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Пред пет дена беше објавено дека нема шампион оваа сезона и нема испаѓање од Првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот